Каде наврна најмногу дожд?
Најстудено утрово било во Скопје и Крива Паланка, а најмногу дожд наврна во Охрид.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи(УХМР) до 8:30 часот најстудено било во Скопје – Петровец и Крива Паланка, каде се измерени седум степени, а максимални 14 степени се измерени во градовите Битола и Демир Капија. Најмногу дожд, за едно деноноќие наврнал во Охрид, вкупно седум литри на метар квадратен.
Измерени се осум степени во Берово и Лазарополе, 9 во Куманово, 10 во Тетово и Маврови Анови, 11 во Штип, Струмица, Гевгелија и Претор, 12 во Охрид и Виница, како и 13 во Прилеп и Дојран. Во Куманово водниот талог е 6 литри на метар квадратен, 4 во Крива Паланка, Претор и Пожаране, 2 во Скопје – Зајчев Рид и Крушево, и еден литар на единица површина во Скопје – Петровец и Виница.
Во Македонија викендов ќе имаме обилни врнежи од дожд. Сепак, температурите и натаму се високи за овој период од годината.
foto freepik.com/hadiphotography
