Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде наврна најмногу дожд?

Каде наврна најмногу дожд?

Најмногу дожд вчера наврна во Лазарополе, Претор, Битола, Маврово, Струмица, Крива Паланка и Охрид.

Времето денеска ќе биде сончево и свежо со мала до умерена облачност. На крајот од денот на југозапад ќе има услови за појава на слаб дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 8 до 15 степени, а дневната од 19 до 28 степени. 

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната до 24 степени. 

Од понеделник до среда ќе преовладува облачно и посвежо време со пообилни врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови на земјава. До среда ќе остане посвежо преку денот, а потоа температурите ќе бидат во пораст.

Слично

Поврзани вести