Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде најмногу врнеше изминатото деноноќие?

Каде најмногу врнеше изминатото деноноќие?

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Маврово, 30 литри на метар квадратен. 

Во Лазарополе наврнаа 19, во Дебар 14 и во  Пожаране 10 литри на метар квадратен, покажуваат податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје-Петровец и во Куманово наврнал еден литар на метар квадратен, во Претор, Тополчани, Охрид и Прилеп 2, во Крушево 3, и во Тетово и Скопје-Зајчев Рид 4 литри на метар квадратен.

Времето денеска, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е ретка појава на град. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни, особено во задните делови од земјава каде се очекува да наврнат околу 60 литри на метар квадратен. Максималната температура ќе се движи од 17 до 25 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.


Слично

Поврзани вести