КАДЕ ЛЕТУВА ПОПУЛАРНИОТ ПОРТПАРОЛ НА ВМРО-ДПМНЕ - објавена фотографија на Димса Арсовски
Фејсбук профилот Сеир утрово објави фотографија на која наводно се портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димса Арсовски и неговата сопруга, наводно на летување во ексклузивното летувалиште Монте Карло во Монако.
Сеир на постот напишале и критика до Арсовски зошто постојано укажува дека во земјава владее голема економска криза, но тој сепак успеакл да летува на монденско место.
Порталот Центар, пак, објави дека „портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на социјалните мрежи објави фотографија со својата понежна половина од својот годишен одмор. Имено Арсовски со својата сопруга се наоѓа во елитното монденско место Монте Карло во Монако“, стои во објавата на Центар.
Како што пишува порталот Центар, екс премиерот Зоран Заев и екс министерот Венко Филипче пак биле забележан на Пелопонез во Грција.
