Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде ќе заврши добивката на Макошпед?

Каде ќе заврши добивката на Макошпед?

Шпедитерската компанија Макошпед на годишното Собрание на акционери ќе донесе одлука на кој начин ќе ја искористи чистата добивка од работењето стекната во 2017 година. 

На престојното Собрание планирано за 04 април 2018 година подготвена е предлог одлука со која речиси целата добивка ќе остане нераспределена, а нема ниту 1% кој ќе биде наменет за дивидена со која би биле исплатени акционерите и тие кои вложиле во акции на Макошпед.

Според предлог одлуката 5% од добивката ќе биде доделена за резерви во висина од 23.117 денари. Остатокот од добивката вреден 440 илјади денари или околу 7000 евра ќе биде пренасочен како нераспределена добивка. 

Макошпед во последните три години нема поделено дивиденда на своите акционери и постојано бележи пад на пазарното учество со намалени оперативни приходи, како и со потојан пад на вкупната оперативна добивка. 


Слично

Поврзани вести