Каде ќе слават македонските јавни личности - Домашна атмосфера или скапо патување?
Опуштено во домашна атмосфера, на заслужено романтично патување или на организиран дочек во некој од ноќните клубови. Вака познатите ќе слават за новогодишната ноќ.

– Ќе одлучам во последен момент. Или дома со моето друштво или во еден познат скопски ресторан. Во секој случај, останувам овде. После празниците ќе прошетам некаде да ги наполнам батериите –открива популарната водителка Лила Стојановска.
Актерката Јелена Јованова која повеќе од две години живее на релација Македонија-Хрватска вели дека не е човек што дава големо значење на оваа ноќ, но сепак ги откри плановите.
– Горски Котар и Плитвичките езера се добитната комбинација за оваа Нова година – изјави таа.

За повеќе детали за македонските ѕвезди и нивните новогодишни планови читајте на Женски магазин.
