Kaде ќе се сретнат Димитров и Коѕиас?
Министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕиас и посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц ќе седнат во Софија на нова рунда разговори за спорот за името.
Преговарачите на двете земји последен пат со Нимиц се сретнаа кон средината на јануари.
Доколку преговорите завршат, а спорот се реши, Македонија ќе напредува во евроатланските интеграции.
Во Грција продолжуваат изјавите на дел од државниот врв дека неопходни се интервенции во Уставот на Република Македонија, затоа што сметаат дека во него има иредентистички членови. Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос неколкупати досега изјави дека тоа е предуслов за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО.
За 25 месецов во Грција е најавен нов протест против употреба на терминот „Македонија“ во решението.
