Каде ќе се одржи средбата Димитров - Коѕиас?
Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи вечерва во 24 Анализа изјави дека утрешната средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас најверојатно ќе се одржи во Грција.
Грчки медиуми шпекулираат дека средбата меѓу шефовите на дипломатиите најверојатно ќе се одржи во Солун, но засега потврда за ова нема.
Разговорите ќе се фокусираат на прашања од билатерален интерес, како и на натамошно зајакнување на мерките за градење доверба.
Местото и времето на средбата не беа соопштени.
И официјална Атина, не открива детали, ниту каде ниту во колку часот ќе се сретнат двајцата министри.
Слично
