Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде ќе прошетаат „Бикот“, „Шмизлата“, „Набљудувачот“ и „Девојчето“ ??

Каде ќе прошетаат „Бикот“, „Шмизлата“, „Набљудувачот“ и „Девојчето“ ??

„Шмизлата“, „Бикот“, „Набљудувачот“, „Девојчето“ и уште 30-ина скулптури што беа распределени низ централното градско подрачје во 2009 година биле поставувани со решение слично на тоа кога се поставуваат клупи и огради, поточно биле третирани како урбана опрема.

Вчера до министерот за култура, од страна на работната група при Министерството за култура беше доставен елаборат во кој се констатирани низа неправилности и незаконитости во реализација на проектот наменет за разубавување на градот.


Според, претседателот на работната група, Мирослав Грчев  и за скулптурите како и за сè друго што беше одлука на минатата власт се постапувало самоволно и незаконски.

„Во елаборатот што го доставувме до министерот за култура ги образложивме сите аргументи со кои се укажува на криминално и бесправно работење кога се поставуваа овие скулптури во градот. Тие биле изработувани од уметници, но решението за да бидат ставени во градот, не е воопшто како што треба да има правната запазеност во случајот. Со ова уште еднаш ни покажаа дека урбаниот хаос што го создаваа трошејќи ги народните пари го правеле над законот непочитувајќи никакви регулативи, вели Грчев.


Слично

Поврзани вести