Каде ќе патува Груевски па си го бара пасошот?
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски повторно побара од Специјалниот обвинител да му биде вратен меѓународниот пасош.
Во своето барање, Груевски наведува како мотив: покана за средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Обвинителката Лиле Стефанова рече дека Груевски им ја дал поканата на унгарскиот премиер.
Никола Груевски веќе четири месеци е без пасош. Тој е обвинет во случајот "Титаник", кој го води Специјалниот обвинител на Катица Јанева.
Слично
