Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kаде ќе имаат митинзи двете најголеми партии?

Kаде ќе имаат митинзи двете најголеми партии?

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи митинзи во Валандово и Гевгелија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска ќе одржи средба со граѓани во Градско со почеток во 16.30 часот, а потоа заедно со коалицијата ‘За подобра Македонија’ ќе одржи митинзи во Валандово  во 18 часот и во Гевгелија во 20.30 часот. 

Централниот карван на СДСМ и коалицијата денеска ќе ги посети Арачиново, Петровец, Илинден и Гази Баба.

Во 21.15 часот во населбата Ченто ќе се одржи централниот митинг на СДСМ и коалицијата, на кој ќе се обрати лидерот на партијата, Зоран Заев.

Претходно, Заев ќе се сретне со граѓаните на Арачиново и Петровец.

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, ќе оствари средби со граѓаните на општина Илинден, каде што во 18 часот ќе се одржи митинг на СДСМ и коалицијата во Домот на културата во Илинден.

На 13 месецов ќе заврши кампањата, а на 15 октомври ќе се одржат локалните избори. 

Слично

Поврзани вести