ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде ќе гнаснат пожари Чесите и Словенците?

Каде ќе гнаснат пожари Чесите и Словенците?

Чешкиот хеликоптер и словенечките пожарникари ќе гаснат на Готен. Oва го потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов. 

„Во 18 часот на скопскиот аеродром ќе слета еден хеликоптер „Блек хок“ од Чешка со големо ведро од 3,4 тони вода, а на пат кон Македонија се тргнати 62 пожарникари од Словенија со 18 специјални противпожарни возила кои доцна во ноќта ќе пристигнат во Берово. И хеликоптерот и словенечките пожарникари ќе бидат упатени на гасење на големиот пожар на планината Готен од беровската страна. Во текот на утрешниот ден ќе упатиме и други национални сили и ќе се фокусираме на овој пожар, бидејќи на останатите места состојбата е благо релаксирана. Помош ни понуди Австрија со 80 пожарникари и Франција со 50 пожарникари“, рече Ангелов.

И оваа сезона во регионот има многу пожари. Три земји се понудија да помогнат на Македонија за локализирањето на пожарите. 

фото принтскрин

ad
Слично

Поврзани вести