КАДЕ ИСЧЕЗНА ПИНО: Мајката очајно бара помош и од Фејсбук за детето кое го нема 9 дена
Безмалку десет дена нема ни трага ниту глас од Пинета Секондо, 26 годишното момче кое исчезна.
Додека надлежните служби работат на случајот очајната мајка Маја Трпковска помош бара и од граѓаните на социјалните мрежи каде деноноќно пишува постови.
Најблиските и роднините споделуваат фотографии и информации за исчезнатото момче кое е родено во Италија.
Првичните информации се дека Пино излегол од дома на 10 декември, пред девет дена околу 20 часот. Последен пат момчето е забележано во скопската населба Ѓорче Петров во 22 часот. Излезен е со бела шкода (таблички СК1566АП).
-Ве молам помогнете ми да го најдам синчето. Пинета Секондо „Пино“. МВР работи ама 7 дена не откри ништо. Ве молам помогнете ми луѓе, вие, само вие ќе ми помогнете да го најдам синчето во ова крпче земја. Не е избегано од ома, нема зошто да бега. Не е лут со мене, ниту пак со некој од нашата фамилија-пишува во статусот на мајката Маја објавен на Фејсбук ноќеска.Од МВР за Фактор велат дека се работи на случајот и се преземаат мерки да се открие што се случило со исчезнатото момче, но детални информации за јавноста засега нема.
Дека Пино се води како исчезнато лице е соопштено и на официјалната страна на МВР.

Доколку вие го забележите детето или нешто во врска со овој случај контактирајте ја мајката а од помош може да ви бидат овие фотографии.
