Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kaде има највисока концентрација на ПМ честички?

Kaде има највисока концентрација на ПМ честички?

Најголема концентрација на ПМ честички попладнево има во Тетово и Битола. 

161 ПМ на 100 микрограми, покажува апликацијата Мој воздух за Тетово. Ова е податок од 16 часот попладнево. Во Битола на дел од мерните места има 50, а на други и до 190 ПМ честички. 

Мерните станици покажуваат дека во овие македонски градови моментално воздухот е најзагаден. 

Потоа следат делови од Скопје, додека Куманово е нешто помалку загадено. 

Oд ВМРО-ДПМНЕ денеска алармираа дека зимата уште не е почната, а главниот град урива рекорди со загаденост. 

Скопје денеска е 25-от најзагаден град во светот, објавено е на air visual, додека од балканските градови во топ 10 е Белград, кој е на 8-то место. 

Бишкек во Киргистан денеска е најзагаден град во светот. 

Слично

Поврзани вести