Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде има најдебела снежна покривка?

Каде има најдебела снежна покривка?

Во Македонија најмногу снег има во Маврово и тоа 84 цм. 

Висока снежна покривка има и во  Лазарополе 61, Пожаране 60, Ѓуриште 48, Крушево 39, Битола 38 цм. 

Во Виница има 6 цм, 7 во Прилеп, 8 во Претор, 9 во Штип, 12 во Струмица, 13 во Крива Паланка, 21 во Скопје на Зајчев Рид и Куманово,  Демир Капија, 22 во Дебар, 24 во Тополчани, 25 во Скопје Петровец, 33 во Берово и 37 во Тетово. 

Во поголемиот дел од земјава времето е облачно и студено, само на североисток има умерена облачност. Во струмичката котлина има ниска облачност и појава на слаба магла. Дува слаб ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со сончеви периоди особено во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот  ќе биде во интервалот од 0 до 4 степени.

Слично

Поврзани вести