КАДЕ И КОГА ЗАЕВ И ЦИПРАС ќе се обидат да најдат решение за “македонскиот проблем”?
Премиерот Заев е убеден дека може да се најде решение за спорот со името и вели дека било какви уставни промени во таа смисла може да бидат донесени само по спроведен референдум.
Пред премиерот е средба која според многумина е од клучно значење.
Заев најверојатно ќе се сретне со грчкиот колега на претстојниот самит на на форумот ЕУ-Западен Балкан.
Грчкиот сајт News 247 пишува дека двајцата премиери ќе се обидат да постигнат конечен договор за решавање на “македонскиот проблем” на маргините на самитот во Софија следната недела.
Премиерот Заев во последните изјави велеше дека со грчкиот премиер Алексис Ципрас, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас е можно да се постигне договор.
„Институциите и граѓаните на две држави за тоа ќе имаат конечен збор, тие ќе донесат крајна одлука“, заклучи премиерот во последното интервју дадено за РСЕ.
