Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАДЕ Е ПРВООСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО НА РАКОМЕТАРОТ, ДАЛИ ВО ЕДНА ЕКС ЈУ ДРЖАВА - се шират шпекулации по социјалните мрежи, притвор за другите двајца

КАДЕ Е ПРВООСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО НА РАКОМЕТАРОТ, ДАЛИ ВО ЕДНА ЕКС ЈУ ДРЖАВА - се шират шпекулации по социјалните мрежи, притвор за другите двајца

Се уште е во бегство еден од осомничените за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. 

На социјалните мрежи веќе почна да се шири неговото име, а се споделува и неговиот профил на социјалната мрежа фејсбук. 

Фактор се обиде да стапи во контакт со него преку оваа социјална мрежа, но нема никаков одговор од тоа лице.

Инаку, на овој профил кој се споделува неофицијално, стои дека лицето живее во еден град во Словенија. 

Инаку, иако тоа се уште не е официјално соопштено на веб страницата на Скопскиот Кривичен суд, медиумите јавуваат дека судија на претходна постапка им одредил 30-дневен притвор на двајцата осомничени за убиство на хрватскиот ракометар, Денис Тот заради постоење опасност од бегство и можност да влијаат и да ја попречат истрагата.

За убиство на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот се осомничени три лица, односно 28-годишниот А. Ѓ. кој е и првоосомничен за убиството, како и 22-годишниот А.К. и 19-годишната К.Л, кои го нападнале хрватскиот ракометар Тот, кој подоцна им подлегна на повредите.

Всушност првоосомничениот А.Ѓ. е во бегство и за него беше распишана потерница.

Вчера имаше серија партиски препукувања за овој случај. 

„МВР за два дена го промени ставот за убиството на ракометарот Даниел Тот. Од првичното соопштение нема траги на насилство до тоа дека е убиен со нанесување на физички смртоносни удари во пределот на главата, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Различните ставови наметнуваат дилема дали МВР сака да сокрие убиство?

Како МВР во првичниот извештај утврди дека нема траги на насилство врз младиот ракометар? Зошто дури два дена се даде да избегаат дел од сторителите на грозоморното убиство?

Дали се вистина информациите дека власта на СДСМ и ДУИ кријат лица припадници на еден нарко картел близок до Спасовски?“, прашуваат од опозициската партија.

Откако ВМРО-ДПМНЕ вчера преку соопштение праша дали е заштитен член на нарко картел во случајот со убиството на младиот хрватски ракометар Денис Тот, од СДСМ излегоа со контра реакција.

„МВР постапува професионално и го расчистува случајот со убиството, за што јавноста е навремено информирана.

А ВМРО ДПМНЕ да не си ја ишка мувата од капата.

По одредени информации кои се појавија оваа партија треба да одговори дали човекот по кој трага МВР е активист и поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ?“, се вели во соопштението од СДСМ.

Слично

Поврзани вести