Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде е Македонија на листата на најсреќни земји во светот?

Каде е Македонија на листата на најсреќни земји во светот?

Финска пак е прогласена за „најсреќна земја на светот“, a Македонија на листата е на 82. место.

Светскиот индекс на среќа (World Happiness Report) е годишен извештај кој ги рангира земјите според тоа колку нивните жители се задоволни со животот.

Индексот се базира на анкети во кои луѓето го оценуваат својот живот (обично на скала од 0 до 10), а потоа се земаат предвид фактори како што се: БДП по жител (животен стандард), социјална поддршка, очекуван животен век, слобода на донесување одлуки, великодушност и перцепција на корупција.

Финска деветти пат по ред е прогласена за најсреќна земја во светот, додека Исланд е на второ, а Данска на трето место на листата што ја составува Истражувачкиот центар за благосостојба на Универзитетот во Оксфорд, која е вклучена во годишниот извештај за глобална среќа.

Костарика зазеде четврто место – што е највисок пласман некогаш за земја од Латинска Америка. Шведска и Норвешка се на петтото и шестото место, а уште три земји од Европа се наоѓаат меѓу првите 10: Холандија на седмото место, Луксембург на деветтото и Швајцарија на десеттото место.

Во регионот, Косово е на 16. позиција, Словенија на 18., Србија на 30., Босна и Херцеговина е на 47. место, Црна Гора на 60., Хрватска на 70.

foto freepik.com/javi_indy

Слично

Поврзани вести