Каде е Македонија на листата на најсиромашни земји во Европа?
Составена е листа на најсиромашни земји во Европа, а Македонија е на непопуларното петто место. Во истата група се и другите балкански држави.
На листата на 10 најсиромашни земји во Европа што ја објави „Трендинг њуз баз“, Македонија е петта. На првото место е Молдавија, втора е Украина, додека третото и четвртото место им припаѓаат на Косово и на Албанија. Зад Македонија се Босна и Херцеговина, Беларусија, Црна Гора, Србија и Бугарија.
„Македонија, која стана независна во 1991 година, е петта најсиромашна земја во цела Европа. Економијата на Македонија, која има БДП по лице од 6.096 долари, се менува во голема мера во моментов. Повеќе од 90 отсто од БДП земјата доаѓа од трговијата. Иако владата на Македонија добро се справи со реформите, има висока стапка на невработеност од околу 16,6 отсто. Во еден момент, Македонија имаше највисока стапка на невработеност, која изнесуваше 38,7 отсто“, се вели во текстот.
Евростат претходно ја рангираше Македонија како трета најсиромашна земја во Европа.foto freepik.com
