Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде е Агим Исмаиловиќ обвинет во случајот „Монструм“?

Каде е Агим Исмаиловиќ обвинет во случајот „Монструм“?

Полицијата трага по Агим Исмаиловиќ, обвинет во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро кое се случи на Велики Петок во 2012 година. 

На денешното судење за случајот „Монструм“, третообвинетиот Агим Исмаиловиќ напладне излегол од Судот и заминал во непознат правец. 

Ова се случило откако обвинителката Фатиме Фетаи побарала притвор за него и за обвинетиот Фејзи Азири, бидејќи како што наведе – кривичната постапка е при кај.

Неговиот брат Африм Исмаиловиќ исто така е еден од обвинетите, но тој заедно со Алил Демири, непосредно по петкратното убиство избегаа во Косово.

Новинарот на тв Клан Фуркан Салиу објави дека ќе ја пренесе пораката од Исмаиловиќ дека не е точно дека се обидел да избега и дека денеска сам ке се пријавел на надлежните органи.

Салиу на Фејсбук најави дека за кратко ке објави и видео изјава од обвинетиот.

Слично

Поврзани вести