Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАДЕ ДА ГИ ЈАДЕТЕ НАЈДОБРИТЕ ЌЕБАПЧИЊА ВО ГОСТИВАР - премиерот Ковачевски отсега знае каде да руча кога е таму

КАДЕ ДА ГИ ЈАДЕТЕ НАЈДОБРИТЕ ЌЕБАПЧИЊА ВО ГОСТИВАР - премиерот Ковачевски отсега знае каде да руча кога е таму

Премиерот Димитар Ковачевски има препорака каде се јадат најубави ќебапчиња во Гостивар, вкус кој самиот го проба. 

Тој ова го сподели на фејсбук.

– Дахири ги прави едни од најубавите ќебапчиња во Гостивар, ако не и во земјата. Цели 35 години е сопственик на семејната ќебапчилницата во која и тој и семејството вложуваат многу љубов и работа. Нашите луѓе се добри и работливи, ми беше чест што денес стекнав нов пријател, и што знам каде повторно да дојдам на ручек – стои во неговиот пост на Фејсбук.

Друштво му правеа вицепремиерот Битиќи и министерот Сали.

Гостите и премиерот се напија и по еден ајран.

Слично

Поврзани вести