КАЈ КОЈ БИЛЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ: Чии обезбедувачи ги пречкаа обвинетите со фантомки во Собрание на 27 април
Дефинитивно 27 април во јавноста останува како еден од најкрвавите напади врв пратеници во Македонија .
На „крвавиот четврток“ обвинетите со фантомки биле добредојдени кај Трајко Вељаноски. Ова се заклучува од снимките кои се видени на вчерашното рочиште.
Никола Митревски-Кољо, Михаил Младеновски, Стефан Младеновски, Митре Питроповски и други во Собранието се пречекани токму од обезбедувањето на екс собранискиот спикер Трајко Вељаноски.
Потоа им се даваат упатства како да се движат преку холот во прес-центарот - местото каде што и се случија најкрвавите напади врз пратениците и новинарите.
На камерите се виде и како Елена Божиновска-Доцевска, која тогаш беше соработничка на Вељаноским како што пренесоа дел од медиумите постојано влегува и излегува од кабинетот на својот шеф, постојано зборува на телефон и скока од радост кога маскираните лица влегуваат во Собрание.
