Каде беше најстудено утрово во Македонија?
Студено утро имаше во источниот и западниот дел на Македонија.
Во Берово се измерени -12 степени, а во Маврово – 11. Во Скопје се измерени -9 степени.
Студено време ќе имаме денеска, а во северните делови ќе биде ведро со мала до умерена локална облачност, додека во јужните делови ќе биде умерено до значително облачно. Дува слаб северен ветер, особено на повисоките места и планините.
Во текот на денот ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено долж Повардарието. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 1 до 7 степени.
Слично
