Каде беше најстудено утрово и каде има најмногу снег?
Уште едно студено утро во Македонија.
Измерени се -22 Битола, -20 Тетово, Маврово, -19 Лазарополе, -18 Скопје Петровец, -17 Пожаране, Прилеп, -16 Берово, Ѓуриште, -15 Дебар, Скопје-Зајчев Рид, , Крушево, -14 Штип, Крива Паланка, Тополчани, Куманово, -13 Виница, -12 Демир Капија, Струмица, Претор, -11 Охрид, -7 Дојран, Гевгелија.
Снежната покривка изнесува 2 сантиметри во Гевгелија, 8 Скопје-Зајчев Рид, , 9 Прилеп, 10 Претор, Скопје Петровец, 11 Охрид, 12 Виница, 14 Демир Капија, Штип, 16 Битола, 17 Струмица, 18 Крива Паланка, 24 Крушево, 26 Ѓуриште, 28 Тетово, 30 Берово, 35 Тополчани, 43 Пожаране, 44 Лазарополе, 68 Маврово.
Во јужните делови денеска ќе биде претежно облачно со локален слаб снег. Во северните делови ќе има намалена облачност и ќе преовладува умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од -9 до -3 степени.
