Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кадарот на Мерко, Јетон Шаќири,му даде дозвола на Мерко за медицински факултет во Струга

Кадарот на Мерко, Јетон Шаќири,му даде дозвола на Мерко за медицински факултет во Струга

Министерот за образование и наука во заминување Јетон Шаќири издал решение да му се дозволи на Меѓународниот универзитет во Струга, зад кој стои струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, да основа Факултет за здравствени науки.

Шаќири во Владата дојде како кадар и близок човек на Мерко. Од Општина Струга се пресели во Владата прво за да биде министер за информатичко општество и администрација, а потоа министер за образование.

Министерството за образование и наука утврдило дека се исполнети условите за почеток со работа на Факултетот за здравствени науки при Меѓународниот Универзитет во Cтруга. Позитивно мислење дале Агенцијата за квалитет на високо образовани и Одборот за акредитација, објави СДК.

Во Македонија има неколку медицински факултети, вклучувајќи го Медицинскиот факултет во Скопје, Штип и Тетово. 

Слично

Поврзани вести