Кадар од ВМРО-ДПМНЕ стана директор на Куманово-гас
Марко Митровски е поставен за нов в.д. директор на Јавното претпријатие „Куманово-гас“, откако градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, од функцијата го разреши досегашниот в.д. директор Никола Денковски.
Како што овјави kumanovonews, Митровски е првиот директор на ВМРО-ДПМНЕ, кој е на чело на јавно претпријатие во Куманово.
Toj е дипломиран машински инжинер по термичко инжинерство, вработен во компанијата МЕПСО од 2015 година.
„Ова за мене е нов професионален предизвик и можност да придонесам во развојот на градот во кој живеам. Од понеделник сум на новото работно место, се уште ја скенирам состојбата, имаме доволни количини на гас и засега функционираме без проблеми“, изјави новиот директор Митровски за Кумановоњуз.
ВМРО-ДПМНЕ треба да добие директорско место и во „Куманово-план“.
