КАЦАРСКА ЗА ЈАНКУЛОВСКА И ПРЕДМЕТОТ ВО СТРАЗБУР: „Јанкуловска имаше можност да ги изнесе сите докази“
Уставната судијка Добрила Кацарска, во гостувањето на Тв Телма во емисијата Директно, го коментираше отворениот случај во Стразбур за екс министерката Гордана Јанкуловска.
„Ја читав пресудата за Никола Груевски и Ѓоко Поповски и диспозитивот на таа пресуда. Тој дел не можеше да се оттргне, да се отстрани, затоа што тоа е всушност фактичката состојба. На прашањето на новинарот дали тоа нејзино читање може да се толкува како предвремена осуда, таа рече апсолутно не, додавајќи дека Јанкуловска имала можност да ги изнесе сите докази и се она што било предложено од нејзина страна, судот го прифатил.
-Сите нејзини докази беа изведени комплетно - рече таа.
На прашањето дали од денешен аспект таа би го направила диспозитивот на предусата поинаков токму заради пресудата во Стразбур таа вели дека не би можела да направи поинаков диспозитив коа директно се докажало дека таа (Јанкуловска) има влијание врз Ѓоко Поповски.
- Што требаше, да го ослободам Ѓоко Поповски?, праша таа.
