Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кацарска за Дурловски: Да имавме уште еден доказ, пресудата немаше да биде ослободителна

Кацарска за Дурловски: Да имавме уште еден доказ, пресудата немаше да биде ослободителна

Во мојата кариера имам донесено повеќе ослободителни пресуди, но ова ми е најтешко донесена ослободителна пресуда, изјави судијката Добрила Кацарска синоќа во интервју на 1ТВ за пресудата за пејачот Игор Дурловски. 

„Ги имаме сите докази, но не произлезе дека Дурловски го сторил делото за кое беше обвинет. Мора да нагласиме дека обвинението е само за 27 април, а не за она што се случувало претходно. За Дурловски имавме докази дека влегол во Собранието, ја пеел химната, но не можеше да се поврзе со другите обвинети. Да имавме уште еден доказ, пресудата немаше да биде ослободителна“, вели Кацарска.

Таа негираше дека кај неа се нарачуваат пресуди, како што тврди опозицијата. 

Слично

Поврзани вести