Кацарска: Не сакаат да видат дека има и професионалци, а не само политички послушници
Судијката Добрила Кацарска на денешното сослушување пред тројца членови на Судскиот совет, по иницијативата за нејзино разрешување, поднесена од осудената во „Тенк“, екс министерката Гордана Јанкулоска рече дека судија е 33 години и ќе зборува само со факти.
Кацарска рече дека ниту едно право на Јанкулоска, додека траеше судењето за местење на тендерот за скапиот мерцедес за Никола Груевски, не ѝ било ускратено.
Таа додаде дека рочиштата биле долги по вина на обвинетите.
Кацарска рече дека за Јанкулоска е „комуњарка“, а забораваат дека во државата има и професионалци, а не само послушници.
Судскиот совет расправа за претставката за разрешување на судијката Кацарска, поднесена од сопругот на екс министерката за внатрешни работи, Јанкулоска, Влатко Илиевски.
Слично
