Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кацарскa: Мицкоски нека спие мирно, мене никој не ми нарачува пресуди

Кацарскa: Мицкоски нека спие мирно, мене никој не ми нарачува пресуди

Mногу луѓе ми приоѓаат и ми честитаат за донесената пресуда, изјави вечерва судијката Добрила Кацарска, во интервју за 1ТВ, за пресудите за „крвавиот четврток“. 

Таа вели дека кај неа нема нарачани пресуди, и дека не може некој да каже дека се високи казните, затоа што треба да има увид во сите докази, во целиот случај. 

„Мицкоски нека спие мирно, мене никој не ми нарачува пресуди“, рече таа за обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Кацарска за Абдулфета Алими, човекот кој го спаси пратеникот Зијадин Села рече дека на снимките се гледа како стои до вратите, но не презема ништо додека се тепаат пратеници иако бил полицаец во Собранието. Објаснува дека тој прво го сторил кривичното дело, а потоа го спасил Села. 

Кацарска за амнестијата рече дека како граѓанин не ја одобрува, но како судија мора да ги почитува законите кои ги носат политичарите. 

Слично

Поврзани вести