Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кацарска го опомена Поповски да не фаќа врски за ургенции кај неа

Кацарска го опомена Поповски да не фаќа врски за ургенции кај неа

Твојата сопруга да не ургира кај мене преку мои пријатели, му рече судијката Добрила Кацарска на обвинетиот Ѓоко Поповски, кому повторно му се суди за предметот на СЈО познат како „Триста“ за незаконска набавка на возила како поранешен помошник-министер за внатрешни работи.

На оовторното судење кој се однесува за незаконска набавка на 300 возила за МВР усно го опомена Поповски тоа да и го пренесе на својата сопруга.

Апелациониот суд во Скопје во декември ја укина пресудата од 9 години затвор за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски кој беше осуден во предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинитество (СЈО) кој се однесува на набавката на 300 возила во министерството.


Предметот е вратен на повторно судење во Кривичниот суд, а на Поповски апелационите судии му одредија мерка притвор за овој предмет.

Поранешниот помошник министер е осуден и во предметот „Тенк“ на СЈО на четири години и шест месеци. Тој првично за „мерцедесот“ беше осуден на шест години и шест месеци, а потоа Апелација му ја намали казната за две години. Во овој предмет осуден со правосилна пресуда на двегодишна затворска казна е и Никола Груевски. Шест години доби Гордана Јанкулоска, но нејзината пресуда не е правосилна бидејки се очекува второстепениот суд да се произнесе за жалбите.



Слично

Поврзани вести