Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАЦАРСКА Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УСТАВНИОТ СУД: Тајно гласале за неа шест судии

КАЦАРСКА Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УСТАВНИОТ СУД: Тајно гласале за неа шест судии

Судијката Добрила Кацарска од денеска има нова функција, односно стана претседател на Уставниот суд, јавуваат повеќе медиуми. Кацарска е избрана со тајно гласање при кое шест од деветмината уставни судии гласале за неа.

Досегашниот претседател Сали Мурати ја напушта и претседателската и судската функција во Уставен, бидејќи му завршува деветгодишниот мандат и нема право на реизбор.

Инаку, Добрила Кацарска, минатата година е избрана за судија во Уставниот суд на Република Северна Македонија, а претходните неколку години како судијка во Кривичниот суд го водеше еден од најобемните случаи, Настаните од 27 април,, како и предметот „Тенк“во кој на затворски казни се осудени Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски. 


Слично

Поврзани вести