Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кабинетот со почетничка грешка: Силјановска Давкова се сретнала со Рено-Басо, а не со Рамбусек

Кабинетот со почетничка грешка: Силјановска Давкова се сретнала со Рено-Басо, а не со Рамбусек

Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска-Давкова дека на маргините на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин се сретнала со Барбара Рамбусек, директорка за родова и економска инклузија во ЕБОР, а таа всушност имала средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо.

Од објавената фотографија јасно се гледа дека Силјановска Давкова разговарала со Рено Басо, а не со Рамбусек

„Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Берлин, на маргините на Конференцијата за обнова на Украина, оствари средба со Барбара Рамбусек, директорка за родова и економска инклузија во Европската банка за обнова и развој“, беше напишано во информацијата.

Соопштението ја збуни јавноста зошто двете соговорнички посебно би разговарале за „промовирањето на родовата еднаквост, како клучен двигател на функционалната одржлива и инклузивна пазарна економија“, ако на фотографијата е Рено-Басо.

Откако од кабинетот на Сиљановска-Давкова ја увиделе грешката, еден час подоцна, во 13:25 часот, на нејзините официјални профили на социјалните мрежи Фејсбук и Икс, беше објавено дека претседателката се сретнала со претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо.

Грешката е исправена и во соопштението објавено на официјалната интернет-страница на претседателката.


Слично

Поврзани вести