Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кабинетот на Претседателот Христијан Мицкоски добива нов шеф

Кабинетот на Претседателот Христијан Мицкоски добива нов шеф

На вчерашната одржана седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ , досегашниот член на Извршниот комитет Златко Перински е назначен за шеф на кабинетот на Претседателот Христијан Мицкоски, со што беше констатиран престанокот на неговиот мандат во Извршниот комитет.

Поранешниот директор на СЦ „Борис Трајковски“, Златко Перински, е магистер по човечки ресурси и долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ. Перински станува член на ОК Аеродром во 2005 година. Во истата година станува и член на Републичката комисија на млади и спорт при УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2015 година станува член на општинскиот комитет Аеродром и е назначен за потсекретар на ВМРО-ДПМНЕ функција која ја извршува до неговото назначување за член во Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година. 

Слично

Поврзани вести