Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кабинетот на Љупчо Николовски: Новите градоначалници да го следат примерот на Владата со возилата и ручеците

Кабинетот на Љупчо Николовски: Новите градоначалници да го следат примерот на Владата со возилата и ручеците

Вицепремиерот за спречување на корупција, Љупчо Николовски, преку својот кабинет им порача на новите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ да ги почитуваат актите на Владата со кои беа ограничени трошоците за службените ручеци и користењето на службените возила. Сепак овие одлуки важат само за централно ниво, па вицепремиерот повикува општините да донесат посебни акти.

„Општините да го следат примерот на Владата за рационално користење на буџетските средства преку носење акти за користење на службени возила и угостителски услуги 

Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, ги повикува сите новоизбрани градоначалници да го следат примерот на Владата за донесување на одлуки за регулирање на начинот на користење на службените возила и трошоците за угостителски услуги за работни состаноци. Локалните единици тоа може да го сторат, преку општинските совети со донесување на посебни акти со кои ќе се ограничат средствата за репрезентација на градоначлниците и користење на службените возила“, се вели во соопштението од кабинетот на Николовски.

На предлог на кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, годинава се донесоа две одлуки кои се однесуваат на ограничување на користењето на службените возила и на службените трошоци за угостителски услуги за работни состаноци. Од таму потсетуваат дека веќе се применуваат овие две одлуки.

„Секое користење на службените возила за вработените претходно според точно утврдена процедура се одобрува. Целта е   оправдано, наменско, рационално користење на службените возила, односно да не се користат возилата за приватни цели. 

Истотака функционерите ја применуваат и почитуваат одлуката за  начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски услуги во угосителски објекти во државата при одржување на работни состаноци. Функционерите имаат точно определни износи кои смеат да ги искористат за угостителски услуги за работни состаноци, според точно утврдени критериуми“, се додава во објавата.

Слично

Поврзани вести