Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кабинетот на Иванов: Живаљевиќ не побарал писмена, или усна дозвола од овластено лице

Кабинетот на Иванов: Живаљевиќ не побарал писмена, или усна дозвола од овластено лице

Од кабинетот на претседателот, Ѓорѓе  Иванов велат дека изјавата на поранешниот советник за безбедност во српската амбасада во Македонија, Горан Живаљевиќ е спротивна на фактите. 

Велат дека македонските служби не побарале услуги од него. 

Фактите говорат дека критичниот ден, пред да влезе во Собранието, дипломатот не побарал писмена, или усна дозвола од овластено лице и надлежен државен орган, туку откако го завршил дејствието, известил за своите активности, со што не може да ја намали одговорноста за неовластен престој во Собранието. Во изминатиот период, Кабинетот на претседателот реагираше на амбасадорот на Србија, да се прекине со злоупотреба на името на советникот, со цел да го користи како алиби и да одбегне одговорност за непрофесионалното однесување на дипломатот. На погрешна адреса се обратил Живаљевиќ“ - велат од кабинетот на Иванов. 

Од Кабинетот на претседателот Иванов, велат дека посочениот советник на претседателот, не е овластено лице за пријавување на движење, и престој на странски преставници, и во конкретниот случај, постапил согласно безбедносните протоколи, за што изготвил и архивирал извештаи проследени до надлежните претпоставени. 

Надлежен државен орган за комуникација со странски дипломатски преставници е Министерството за надворешни работи, додека посебна служба на Собранието се грижи за редот во зградата, додаваат од кабинетот. Кабинетот на претседателот не е надлежен, ниту овластен да дава дозвола за престој, и одобрение за активности на странски преставници и дипломати во Собранието. Случајот со неовластениот престој на Живаљевиќ во Собранието на Република Македонија е затворен во постигнат договор меѓу службите, стои во соопштението. 

Слично

Поврзани вести