Кабинетот на Иванов го предупреди Младеновски
Од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов го предупредија сведокот Михаил Младеновски да не дава лажни искази како обвинет за упадот во Собранието на 27 април.
„Давање на лажен исказ е кривично дело. И по не знаеме кој пат, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија ги отфрла искажаните лаги, измислени настани и непостоечка комуникација за вмешување на советникот Синиша Алексоски во случајот од 27-ми април“, се вели во реакцијата од Кабинетот на претседателот.
Младеновски вчера за време на рочиштето фрли нова светлина на многу детали за околностите пред , за време и по насилните сцени во законодавниот дом откако Талат Џафери беше изгласан за претседател на Собранието. Мешу другото, Младеновски рече дека на 27 април советникот во кабинетот на претседателот Синиша Алексоски им кажал дека Иванов ќе прогласи воена состојба и да не се грижат за последиците, бидејќи веќе армијата била подготвена на Групчин и чекала знак да ја превземе контролата.
