Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

Во врска со новинарските прашања упатени до Собранието на Република Северна Македонија, со кои се поставува прашањето дали ќе се преземат какви било мерки кон пратеникот г. Сашко Јанчев во однос на неговиот пратенички имунитет, ја информираме јавноста дека согласно Уставот и Деловникот на Собранието, постапка поврзана со евентуално одземање на имунитет на пратеник може да биде иницирана исклучиво врз основа на официјално барање поднесено од надлежен државен орган, и тоа во случаи кога се бара поведување кривична постапка, определување мерка притвор или извршување казна затвор кон пратеник. 

„Собранието не поведува вакви постапки по сопствена иницијатива, ниту пак може да ги иницира врз основа на барања од поединци, организации или медиуми. Во оваа насока, Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, го проследи доставеното барање до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и до пратеникот г. Сашко Јанчев, во согласност со начелата на транспарентност и целосно информирање - велат од кабинетот на Гаши.

Доколку од надлежните органи биде доставено официјално барање за постапување, Собранието ќе постапи во рамките на утврдените уставни и деловнички обврски, информираат оттаму.




Слично

Поврзани вести