КАБИНЕТ НА ГРУБИ: Анкета - ДУИ и СДСМ се за Охридскиот договор, ВМРО-ДПМНЕ е против
Серизона поддршка за Рамковниот договор има меѓу граѓаните, покажала анкета на Институтот за политички истражувања која ја нарачало Министерството за политички систем. Од кабинетот на првиот вицепремиер Артан Груби денеска информираа дека според анкетата, 71 отсто од Македонците и 59 отсто од Албанците веруваат дека Охридскиот договор го подобри животот на Албанците и другите заедници во земјава. Анкетата е спроведена телефонски во последната недела во јули и првата недела од
август со вкупно 1.620 испитаници.
„Анкетата покажува дека 20 години по потпишувањето, граѓаните се уште го прифаќаат Охридскиот договор како основа за мирен, еднаков и подобар живот во нашата земја. И ова покажува дека особено животот на Албанците и другите заедноци во Северна Македонија е подобрен и ние постигнавме еднаквост во многу области, вели Груби.
Република Северна Македонија стана подобра земја како резултат на Охридскиот договор - 69 проценти од Албанците се согласуваат со изјавата, како и 67 проценти од Македонците што гласаат за СДСМ, додека 86 проценти од етничките Македонци кои гласаат за ВМРО не се согласуваат.
Слични резултати покажува и следнава изјава: „Охридскиот договор придонесе за мир и интеграција во ЕУ и НАТО“. Тука се согласуваат 77 проценти од Албанците и 66 Македонци кои гласаат за СДСМ, додека повторно 85 проценти од гласачите на ВМРО не се согласуваат.
„Без Охридскиот договор, нашата земја не би била таму каде што сме сега: Народ во мир со еднакво општество, членка на НАТО и на прагот на Европската унија“, рече вчера Груби.
„Кога станува збор за прашањето која партија може најдобро да ги заштити правата на Албанците и другите заедници, јавноста има јасно мислење: Кај Албанците 47 проценти велат дека тоа е ДУИ, додека 31 проценти велат дека е Алијанса и Алтернатива, 8 проценти веруваат во БЕСА, СДСМ добива само 1 процентен поен во ова прашање, ВМРО нула. И појасна е разликата кога ќе ги прашате Македонците: Повторно 47 проценти велат дека ДУИ е најдобриот бранител на правата на Албанците, потоа СДСМ со 27 и БЕСА со 8 проценти, додека Алијансата и Алтернатива имаат само 5, стои во соопштението.
