Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе здивнат жителите на Ѓорче, заврши реконструкцијата на улиците

Ќе здивнат жителите на Ѓорче, заврши реконструкцијата на улиците

Во општина Ѓорче Петров денеска беше пуштена реконструираната улица „Социјалистичка зора“, со што појаснуваат од општината, целосно е реализиран проектот за реконструкција на стари и изградба на нови сервисни улици со сите потребни инсталации.

Во рамки на овој проект завршени се 16 планирани улици во урбаниот дел од општината во должина од 7.357 метри, а реконструирани и асфалтирани се и 20 улици во руралниот дел во населените места Кисела Јабука, Волово, Волково-Пржина и Ново Село во должина од 6.910 метри.

За градежните работи беа обезбедени средства од кредитот од Светска банка во висина од 1,2 милиони евра, а за улиците од руралниот дел 20 милиони денари се потрошени од општинскиот буџет.

Слично

Поврзани вести