Ќе се реновира пензионерскиот дом во Чаир
Идната недела ќе започне реконструкција на чаирскиот пензионерски дом„Лика Чопова“, а како дел од акцијата за санација на поголем дел од пензионерските домови во државата.
Проектот го најави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој заедно со директорот за ПИОМ Беким Незири, денеска беа во посета на домот.Во пензионерскиот дом во Чаир прво ќе се реконструираат покривот и подот, а потоа ќе се прави бојадисување и замена на прозорите.
Пензионерскиот дом „Лика Чопова“ помина во надлежност на Фондот за ПИОМ во октомври минатата година.
Слично
