Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се обновува црквата „Свети Спас“ во село Бели Кочанско

Ќе се обновува црквата „Свети Спас“ во село Бели Кочанско
Храмот кој потекнува од 1870 година, Црквата „Свет Спас“ од селото Бели Кочанско ќе биде реновиран од страна на Месната заедница и Црковниот одбор кои собраа доволно финансиски средства за уредување, заштита и започнување со градежните зафати на црквата. - Најпрвин започнавме со оградување на црквата со поставување на бетонски потпорни ѕидови, потоа ќе пристапиме на уредување на конаците и заштиатата на кровот каде што од северната страна има мали напукнувања и прокиснувања, вели Ванчо Арсов, претседател на Црковниот одбор во село Бели. Според Арсов во третата фаза ќе се пристапи кон заштитата на богатиот фрескоживопис, како и на иконите од кои десетина се ставени под заштита на државата како културно богагство. Инаку црквата „Свети Спас“ им користи на жителите од село Бели за венчавки и крштевки, а се почесто е посетувана од бројни туристи заедно со манастиорот „Свети Илија“ кај шест вековниот даб-платан близу село Бели-Кочанско.  
Слично

Поврзани вести