Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се обнови домот „Ѓорче Петров“

Ќе се обнови домот „Ѓорче Петров“

Во наредните неколку месеци ќе се сменат сите прозорци и врати во пензионерскиот дом „Ѓорче Петров“, а истовремено ќе се работи и на комплетно нова анализа за изработка на нова инсталација за парно греење.

Ова денеска го изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој заедно со директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Беким Незири и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски го посетија пензионерскиот дом „Ѓорче Петров“.

Ристовски потенцира дека како најголем проблем во пензионерскиот дом биле посочени старите врати и прозорци, како и старата инсталација за парно греење. Тој посочи дека со реализацијата на овие проекти ќе се задоволат потребите за пензионерите во овој пензионерски дом, кој, како што рече, секогаш е во полн капацитет, а ќе се обезбеди и одредена финансиска заштеда.

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Беким Незири информираше дека Фондот веќе почнал јавна набавка. Тој посочи дека задутре ќе се избере најповолниот понудувач во врска со прозорци и ролетни, а по осум дена, согласно законските прописи и правила, ќе се отпочне со замена на сите прозорци и ролетни. Тој додаде дека промената на комплетната опрема за греење се очекува да почне за два месеци.

Слично

Поврзани вести