Ќе се гради пензионерски дом во Кочани
Во Кочани ќе се гради пензионерски дом во кругот на старата касарна на површина од 8.000 метри квадратрни. Договорот за изградба денеска го потпишаа Општина Кочани и Кочанската пензионерска организација, информираат од општината.
„Како општина ќе обезбедиме бесплатни комуналии вода, канализација, преотстапување на гардежниото земјиште, како и довод на геотермална вода од линијата која води низ иднустрискиот дел на градот“, истакна Венцо Бојков од општинската администрација на Кочани.Ѓорѓи Серафимов, претседател на Здружението на пензионерите на Кочани истакна дека по потпишувањето на договорот Здружението ќе објави тендер за избор на најповолен изработувач на идејно решение на домот.
„За нас овој договор е од особено значење, бидејки ќе отпочне да се реализира една дамнешна идеја. Новиот пензионерски дом ќе има регионален карактер и ќе ги опслужува пензионерските здруженија од Источниот регион. Наша обврска беше да обезбедиме финансиски средства за изработка на проектната документација. Тоа го направивме со наши средства во износ од два милиони денари„, истакна Серафимов.
