Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се гради пензионерски дом во Кочани

Ќе се гради пензионерски дом во Кочани

Одлуката за финансирање на изработката на идејно решение со техничка документација за идниот регионален пензионерски дом во Кочани беше донесена денеска на извршниот одбор на Здружението на пензионери на оваа општина.

Со сопствени средства до 1 милион и 700 илјади денари, здружението ќе го финансира идејниот проект. „Наредната недела ќе распишеме тендер за изготвувач на техничката документација, со што работите ќе добијат во интензитет“, најави Ѓорги Серафимов, претседател на Кочанската пензионерска организација. Пензионерски дом во Кочани ќе се гради на локацијата кај старата касарна, а на површина од 4.ооо метри квадратни. Домот ќе располага со 140 легла, амбуланта, но и сопствена бања бидејќи ќе ја користи геотермалната вода од изворите од Подлог.  
Слично

Поврзани вести