Ќе се гради голем трговски центар во Штип
Најголемиот Трговски центар во источна Македонија. ќе се гради во штипската населба „Сењак“, изјави Градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов кој истакна дека градежното земјиште во населбата е продадено по пат на јавна лицитација.
- На сметка на општина веќе се уплатени над 15 милиони денари, а остнатите над 4 милиони денари се уплатени во буџетот на државата. Сега чекаме да го видиме планот на инвеститорот, односно како ќе изгледа овој Трговски центар, вели Алексов.
Земјиштетото го има купено фирма со црногорско-косовски капитал, која има искуство во изградба на вакви Трговски објекти. Новиот Трговски центар ќе биде изграден на површина од 14.000 м/2, а се очекува во него да се вработат околу 50 лица. Изградбата на Трговскиот центар се очекува да почне во 2013 година.
Слично
