Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе никне нова елитна населба во Охридско!

Ќе никне нова елитна населба во Охридско!
Ќе се гради елитна населба во охридското село Лакочереј. Охридските советници дадоа зелено светло за населбата на својата последна седница каде што едногласно беше усвоена предлог- одлуката за нацрт урбанистичкиот план за изградба на викенд населбата, во месноста викана Вишо, пренесоа локалните медиуми. Според градоначалникот Александар Петрески, инвестицијата вредна над 20 милиони евра че биде направена од страна на Македонец, кој долги години живее во Австралија.
„Веќе подолг период со инвеститорот разговараме и преговараме за оваа идеја. Ќе се инвестира на голема површина од неколку хектари, меѓу Горно и Долно Лакочереј, каде според урбанистичкиот план е предвидено да се изградат над сто куќи, како и Дом за стари луѓе и мал хотел. Идејата е објектите да бидат наменети за нашите повратници од странство, за печалбарите кои живеат долго време надвор од Македонија и немаат свој имот во родната земја, изјави Петрески за охридските медиуми.
Петрески посочи локалната самоуправа ќе направи се што е во нивна можност за инвестицијата што поскоро да биде реализирана. Тој најави дека македонскиот Австралијанец бил заинтересиран за изградба и на Домот за стари лица во населбата Далјан.
Слично

Поврзани вести