Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јужноамериканец сакал да „растури“ 2 килограми кокаин во Македонија

Јужноамериканец сакал да „растури“ 2 килограми кокаин во Македонија

Царинската управа на Македонија, во соработка со полицијата на аеродромот во Скопје денеска откри и заплени околу два килограми кокаин кај Венецуелец кој претходно патувал од Цирих ноќта на 5 декември.

"На 2018/12/05 во 20:30 при лет од Цирих на влезот на Република Македонија беше селектиран за детална контрола еден патник - државјанин на Република Венецуела. За време на претресот во неговиот багаж е пронајден над два килограми на бела прашкаста материја, кои при контрола на тестирање за дрога даде позитивен резултат дека се работи за наркотична дрога - кокаин. По приемот на предметот од страна на инспектори од Одделението за истраги на Царинската управа, а по наредба на јавниот обвинител, непозната материја е предадена на експертиза со која беше констатирано дека е кокаин ", се вели во Царинска управа.

Според нив, запленетата дрога на црниот пазар во Македонија би вредела околу 140.000 евра, додека при продажба мало би можел да достигне и до 570.000 евра.

Царинска управа до Јавното обвинителство против осомничениот поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори".


Слично

Поврзани вести