Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јутарњи: Однесувањето на уапсената Клементина ги запрепастило сите во полиција

Јутарњи: Однесувањето на уапсената Клементина ги запрепастило сите во полиција

Хрватски „Јутарњи лист“ објави детали од апсењето на осомничените за убиството на ракометарот Денис Тот. Според нивните извори од полицијата, осомничената Клементина Левковска по апсењето цело време се смеела и не покажувала каење.

„Таа само се смееше, како да сме ја уапсиле за кражба на литар мастика во продавница, а не за насилна смрт“, раскажал извор запознаен со истрагата за убиството на играчот на скопскиот РК Бутел.

„Јутарњи лист“ пишува дека Привилиџ во Скопје е познат како фолк клуб во кој одат млади и дека не е можно во тоа време освен учесници и сведоци на влезот, никој да не поминувал од паркингот до влезот во дискотеката и шеталиштето покрај Вардар и ништо не видел.

Инаку, првоосомничениот за убиството Анџело Ѓорѓиевски вчера се предаде на полицијата.

Слично

Поврзани вести