Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈУТАРЊИ: ИТНА АКЦИЈА НА НАТО ВО МАКЕДОНИЈА: Во Брисел сковаа план

ЈУТАРЊИ: ИТНА АКЦИЈА НА НАТО ВО МАКЕДОНИЈА: Во Брисел сковаа план

Итна акција на НАТО во Македонија, во Брисел сковаа план кој ќе го разбие руското влијание во регионот, а се треба да биде готово во пролетта 2018 година, пишува Јутарњи лист. 

Весникот пишува дека планот е скован во Брисел, а Македонија ќе го користи името ФИРОМ во НАТО, до влезот во ЕУ и решавање на спорот со Грција. 

Доаѓањето на Зоран Заев на премиерската позиција може да доведе до решавање на клучните пречки за влез и интеграција во ЕУ. 

Станува збор за спорот за името со Грција. 

Атина не сакала да ги укине визите за бивша Југославија заради постоењето на Република Македонија. 

Грција тоа го толкуваше како територијална претензија. 

По распаѓање на Југославија, името на Македонија стана прашање за сите прашања за Грција која воведе дури и копнена блокада, пишува Јутарњи. 

Потоа ретерираше, но остана на ставот дека Македонија не може да биде членка на ЕУ и НАТО. Скопје не беше подготвено да прифати влез во тие асоцијации како ФИРОМ, пишува Јутарњи. 

Целиот текст можете да го прочитате тука. 

Слично

Поврзани вести